Škoda Ocatvia со двојна победа – „Златно тркало“ за „Најпосакуван семеен автомобил“ и „Најпосакуван автомобил“ на годината 2021

Škoda Ocatvia со двојна победа – „Златно тркало“ за „Најпосакуван семеен автомобил“ и „Најпосакуван автомобил“ на годината 2021

пред 4 години

Со свечена церемонија за доделување на наградите, на мал настан организиран од страна на жирито на „Златно тркало“ и се пренесуваше во живо на социјалните мрежи, новите Škoda Octavia и Octavia Combi, ја примија главната награда за „Најпосакуван автомобил“ на годината и „Најпосакуван семеен“ автомобил. Овие награди претставуваат вистинско признание од јавноста за новата, 4-та генерација на Octavia.

Со освојувањето на најголем дел од гласовите на јавноста, наградата „Златно тркало“ во категоријата „Најпосакуван семеен автомобил“, беше примена од страна на бренд менаџерот на Škoda, Миле Станчев, кој истакна дека ова признание целосно го потврдува големиот интерес за новиот модел и нагласи дека сите карактеристики, технологија и практичните елементи ја ставаат новата Octavia на врвот над своите конкуренти.

Главната награда за „Најпосакуван aвтомобил#, исто така ја освои новата Octavia со повеќе од 54% од вкупните гласови од јавноста. Генералниот Директор на „Порше Македонија“, Златко Муцунски ја прими наградата на вчерашната церемонија и јасно нагласи дека новата насока во која се движи Škoda го отвора патот за силен имиџ на брендот и препознавање од страна на јавноста на перцепцијата за квалитет, практичност, економичност и врвна технологија која ја нуди оваа нова генерација на Octavia.

Жирито на „Златно тркало“ е составено од најголемите и најреномираните автомобилски новинари во државата: Авто Плус, Car Club, Cars by Vik и RPM.

 

 

 

Share
Scroll to Top