„Sky“: Буфон се враќа на почетоците, во Парма!

„Sky“: Буфон се враќа на почетоците, во Парма!

пред 3 години

Џанлуиџи Буфон (43) го напушта Јувентус, каде помина 19 од последните 20 сезони. Иако се уште не објавил дали и каде ќе ја продолжи кариерата, италијанските медиуми пишуваат дека можно е да се врати во редовите на Парма која сезонава испадна од Серија А.

Буфон во Парма ја започна кариерата и од 1995 до 2001 година ги бранеше боите на „млекарите“.

„Sky Sport Italia“ јавува дека неговиот поранешен клуб би сакал да го доведе за да може експресно да се врати во елитата.

Сепак, интерес има и надвор од „Чизмата“. Наводно два бразилски клупа и грчки Олимпијакос се интересираат за италијанската голманска легенда.

Од вчера нов тренер на Парма е Енцо Мареска кој занаетот го учеше кај Пеп Гвардиола во Манчестер Сити. Тој е 2 години помлад од Буфон, а беа соиграчи во Јуве од 2001 до 2004 година.

Share
Scroll to Top