Tрамп со необична порака до ФИФА: Дајте ни нов Мундијал, но без Канада и Мексико

Tрамп со необична порака до ФИФА: Дајте ни нов Мундијал, но без Канада и Мексико

пред 6 часа

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека би сакал Соединетите Американски Држави повторно да бидат домаќини на Светско првенство, но овојпат без Канада и Мексико како коорганизатори.

Трамп ова го изјави на прием во „Трамп Тауер“ во Њујорк, во пресрет на неделното финале на Светското првенство меѓу Шпанија и Аргентина.

„Треба повторно да ги изберете Соединетите Американски Држави. Но, овојпат ќе ги изоставиме Канада и Мексико како домаќини“, рече Трамп.

На овогодишниот Мундијал, САД беа домаќини на 78 од вкупно 104 натпревари, вклучувајќи ги сите натпревари од четвртфиналето до финалето.

Следното Светско првенство за кое сè уште не е избран домаќин е во 2038 година. Со оглед дека турнирите во 2030 година ќе се играат во Мароко, Шпанија, Португалија, Уругвај, Аргентина и Парагвај, а во 2034 година во Саудиска Арабија, според актуелните правила на ФИФА, Северна Америка и Океанија се единствените континенти кои можат да конкурираат за организација во 2038 година.

Трамп откри и дека претседателот на ФИФА, Џани Инфантино, разговарал со него за можноста САД и Кина во иднина заеднички да организираат Светско првенство.

Share
Scroll to Top