Авганистанка испрати политичка порака, веднаш е дисквалификувана од ЛОИ

Авганистанка испрати политичка порака, веднаш е дисквалификувана од ЛОИ

пред 4 месеци

На 33. Летни олимписки игри во Париз се натпреваруваат околу 11.000 спортисти, а повеќето од нив се фокусирани исклучиво на постигнување на најдобри можни спортски резултати. Меѓутоа, повремено се појавува некој кој сака да ја искористи големата сцена за да испрати порака што смета дека е важна.

Последниот случај од ваков карактер се случи вчера во брејк денс, првиот денс спорт во историјата на Игрите.

Во квалификациите настапи Манижа Талаш, Авганистанка која се натпреваруваше за бегалскиот олимписки тим. Откако загуби во првото коло, таа по настапот се покри со наметка на која пишуваше „Слобода за Авганистанките“. Поради ова, таа веднаш беше дисквалификувана.

Талаш избегала од Авганистан во 2021 година, откако Талибанците се вратија на власт и ја забранија музиката и танцот за жените. Покрај тоа, тие им забраниле на жените пристап до училниците и вежбалниците, така што нејзината спортска и човечка активност станала невозможа, поради што таа ја напуштила земјата.

Share
Scroll to Top