Викендов ќе биде испишана нова страница во историјата на Премиер лигата. Странец ќе го суди мечот помеѓу Вотфорд и Њукасл.
Џаред Џилет од Австралија ја доби честа да биде првиот судија од странство кој ќе ја дели правдата на натпревар во елитниот ранг на англискиот фудбал.
Џилет со знакот на ФИФА суди од 2013 година. Во А лигата, во Австралија, престанал да суди во 2019 година. Потоа работел во Англија. Минатата сезона бил на неколку натпревари во ВАР собата, а имал можност да суди два натпревари во Чемпионшип дивизијата.
Пред почетокот на сезоната е ставен во првата група на судии, со што го исполни условот да суди во Премиер лигата.