Агаси: Среќа што не морав многу да играм против Федерер, Надал и Ѓоковиќ!

Агаси: Среќа што не морав многу да играм против Федерер, Надал и Ѓоковиќ!

пред 4 години

Американската тениска легенда, Андре Агаси вели дека имал огромна среќа во неговата кариера што единствен голем ривал му бил Пит Сампрас и што не морал да се соочи често со Роџер Федерер, Рафаел Надал и Новак Ѓоковиќ.

Агаси и Сампрас доминираа во златната ера на американскиот тенис, кога Сампрас освои тогаш рекордни 14 гренд слем титули, бројка што веќе ја надминаа и Федерер (20) и Надал (20) и Ѓоковиќ (17).

„Секој ден се будам благодарен што во врвот на мојата кариера не играв со таа тениска генерација. Да беше така, сега ќе зборував како за малку ќе победев ваму или таму. Тие тројца се несомнено најдобри во историјата. Играат во исто време, што го прави тоа уште позачудувачки. Не верувам дека спортот ќе види такво нешто“, објаснува Агаси.

Надал двапати играше против Агаси, двапати победувајќи го – на Канада опен во 2005 и Вимблдон 2006. Федерер се сретна со Агаси 11 пати и имаше 8-3 скор – Агаси победи на САД опен во 2011 и во финалето на Мајами опен во 2002. Со Ѓоковиќ нема меѓусебни дуели.

Share
Scroll to Top