Адеми и Ристовски ги запознаа „динамовци“ со тајните на Арената (Фотогалерија)

Адеми и Ристовски ги запознаа „динамовци“ со тајните на Арената (Фотогалерија)

пред 2 години

Хрватскиот првак Динамо Загреб го одржа официјалниот тренинг на арената „Тодор Проески“ во пресрет на утрешниот реванш натпревар против Шкупи во второто квалификациско коло од Лигата на шампионите. Капитенот на тимот Аријан Адеми и капитенот на македонската репрезентација Стефан Ристовски добро ја познаваат секоја дупка и тајна од нашиот најголем стадион каде утре ќе се води големата битка.

Тренерот Анте Чачиќ не ги форсираше фудбалерите, а сите заедно делуваа многу самоуверено.

Фото: Игор Паневски

Share
Scroll to Top