Адетокумбо: Немаме идентитет

Адетокумбо: Немаме идентитет

пред 11 часа

Јанис Адетокумбо, кошаркарот на Милвоки Бакс беше многу незадоволен по поразот од Бруклин Нетс.

Нетси победија со 115:102 и тоа беше деби победа за шпанскиот тренер Жорди Фернандез во НБА лигата.

Адетокумбо беше најдобар кај Бакс, постигна 22 поени за 33 минути со 12 скока и седум асистенции, но не беше задоволен.

„Во моментов, ние сме тим без идентитет. Како ќе победиме? Како ќе се браниме 48 минути? Дали топката ќе кружи во текот на сите 48 минути? Дали ќе нападнеме? Мора да најдеме идентитет Моментално го немаме“, јасен е Адетокумбо.

Следниот натпревар Бакс го играат следната вечер од 00:30 часот против Бостон.

Share
Scroll to Top