„Алаба сакаше да оди во Барса, го прашав дали ќе преговара со претседателот или со стечајниот управник“

„Алаба сакаше да оди во Барса, го прашав дали ќе преговара со претседателот или со стечајниот управник“

пред 3 години

Поранешниот претседател на Баерн Минхен, Ули Хенес, пред гостувањето на Баварците кај Барселона, ја коментирал финансиската ситуација во која се наоѓа клубот од „Камп Ноу“ и открил што му рекол на Давид Алаба кога фудбалерот му се доверил дека има голема желба да стане фудбалер на Барселона.

„Барселона е шворц. Да беа во Германија судот веројатно ќе прогласеше стечај“, рекол Хенес и дополнил.

„Алаба еднаш ми кажа дека сонува да го облече дресот на Барселона. Тогаш го прашав дали сака да преговара со нивниот претседател или со стечајниот управник, бидејчи знаевме колкави се нивните финансиски проблеми“.

Најавувајќи го дербито во Лигата на шампионите, Хенес рекол дека Баерн е апсолутен фаворит во Барселона.

„Баерн вечерва е фаворит, Барса поради финансиската криза, мораше да продаде некои од најдобрите играчи“.

Хенес 40 години работеше во Баер, на функцијата претседател беше од 2009 до 2019 година.

Share
Scroll to Top