Алисон ќе ги пропушти дуелите со ПСЖ

Алисон ќе ги пропушти дуелите со ПСЖ

пред 2 часа

Голманот на Ливерпул, Алисон, нема да игра во следните неколку недели поради повреда на бутниот мускул, објави тренерот на шампионите на Англија, Арне Слот.

Алисон (33) се повреди пред три недели, поради што не играше за Бразил на пријателските натпревари против Франција и Хрватска.

„Алисон нема да биде дел од натпреварите против Пари Сен Жермен. Ќе биде надвор од терените уште малку. Во финишот на сезоната очекуваме повторно да биде подготвен“, рече Слот на прес-конференцијата.

Кога станува збор за Светското првенство, кое започнува на 14 јуни, Алисон ќе биде подготвен да му се стави на располагање на селекторот Карло Анчелоти.

Во отсуство на повредениот Алисон, голот на Ливерпул ќе го брани Георги Мамардашвили.

Foto/ Depositphotos

Share
Scroll to Top