Алкараз се откажа од Мастерсот во Мадрид

Алкараз се откажа од Мастерсот во Мадрид

пред 2 часа

Шпанскиот тенисер Карлос Алкараз во петокот објави дека нема да игра на АТП турнирот во Мадрид, кој е закажан од 22 април до 3 мај.

Вториот рекет на светот, ќе го прескокне вториот голем турнир во сезоната на земјена подлога, бидејќи се откажа од неодамнешниот во Барселона.

Во текот на денот, Карлитос им се обрати на навивачите со објава на социјалните мрежи, но не ги објасни детално причините за неговото отсуство од вториот турнир во неговата држава.

На публиката во Мадрид на тој начин ќе ѝ биде одземена можноста да го гледа својот најдобар тенисер во живо на најважниот турнир во Шпанија втора година по ред.

„Има некои вести што е неверојатно тешко да се објават. Мадрид е дом, едно од најпосебните места во календарот за мене, и затоа толку многу боли што не можам да играм тука втора година по ред. Особено боли што не можам да бидам пред моите навивачи, на турнир што е толку посебен. Ви благодарам за вашата континуирана поддршка и се надевам дека наскоро ќе се видиме“, рече двократниот освојувач на Мадрид.

Алкараз се повлече од турнирот во Барса поради повреда на десниот зглоб и најверојатно е дека ова е и причината зошто тој нема да биде ниту во Мадрид, за целосно да се опорави за Рим и секако за Ролан Гарос.

Покрај најважниот шпански адут, најдобриот играч на сите времиња, Новак Ѓоковиќ, нема да биде во Мадрид.

Foto/ Depositphotos

Share
Scroll to Top