Алчниот Агуеро може да остане без клуб

Алчниот Агуеро може да остане без клуб

пред 3 години

Серхио Агуеро, по завршувањето на сезоната ќе замине од Манчестер сити. Најдобриот стрелец во историјата на Манчестер сити, има понуди од други клубови, наводно со некои веќе имал разговори.

Светските медиуми, тврдат, дека интерес за Агуеро има кај Барселона, Јувентус, Челси, Манчестер јунајтед, ПСЖ…но посочија и на еден голем проблем, поради кој Аргентинецот може да остане без клуб.

Фактот дека во новиот клуб ќе пристигне без обесштетување, Агуеро сакал добро да го наплати. Тој барал годишна плата од 12 милиони евра, колку што заработува, изминатите неколку сезони, во Манчестер сити.

Медиумите во Италија пишуваат дека Агуеро од Јувентус побарал 12 милиони евра по сезона.

Јувентус немале намера да издвојат толкава сума за Агуеро, а на ист начин размислувале и во Барселона, односно ПСЖ.

Агуеро, цела деценија е играч на Манчестер сити. СО 181 гол е најдобар стрелец во клупската историја.

Share
Scroll to Top