Аматерска грешка ќе го исфрли Волфсбург од Купот на Германија

Аматерска грешка ќе го исфрли Волфсбург од Купот на Германија

пред 3 години

Учесникот во Лигата на шампионите, Волфсбург, поради аматерска грешка, ќе биде елиминиран од натпреварите во Купот на Германија. Волфсбург, синоќа, со многу мака успеаха да го елиминираат членот на третата лига, Мунстер.

Брекало во 90.минута ја поништи предноста на домашниот тим, а потоа во дополнителните 30 минути, Волфсбург постигнаа два гола за пласман во второто коло.

Сепак, Волфсбург нема да играат во оваа рунда. Во текот на мечот, тренерот Марк ван Бомел, наместо дозволените пет, направил шест измени. Од Мунстер веќе поднеле жалба.

Според правилата во Купот за сезоната 2021/2022 на еден натпревар се дозволени максимални пет измени.

Share
Scroll to Top