Менаџерот на Манчестер Јунајтед, Рубен Аморим, се соочува со сериозни кадровски проблеми пред дуелот со Борнмут, кој ќе се игра во понеделник навечер на „Олд Трафорд“, во рамките на 16-то коло од Премиер лигата.
Португалецот потврди дека Хари Магваер и Матијс де Лихт дефинитивно се надвор од тимот поради повреди, додека настапот на Брајан Мбеумо е под знак прашалник поради здравствени проблеми.
„Магваер е надвор од тимот. Де Лихт е надвор од тимот. Мбеумо имаше труење, ако можам така да кажам. Ќе имаме уште два тренинзи и ќе ја процениме ситуацијата“, рече Аморим.
Африканскиот куп на нации носи и дополнителна неизвесност, поради што Јунајтед се обидува да добие одобрение за да можат Мбеумо, Амад Дијало и Нусаир Мазрауи да играат против Борнмут пред да им се приклучат на своите репрезентации.
„Сè уште сме во разговори со националните асоцијации. Натпреварот е во понеделник, тие се тука, тренираат и ги подготвуваме сите можни сценарија“, објасни Аморим.
Foto/ depositphotos






