Откако беше потврдено дека Ливерпул ќе гостуваат во Будимпешта кај РБ Лајпциг во меч од Лигата на шампионите, и гостувањата на Челси и Манчестер јунајтед во европските купови ќе добијат најнови дестинации.
УЕФА веќе преговара со Атлетико Мадрид околу тоа првиот меч од осминафиналето на ЛШ против Челси на 23 февруари да се префрли во Варшава или Букурешт бидејќи Шпанија го забрани пристигнувањето од Велика Британија поради новиот сој на КОВИД-19.
Идентичен проблем имаат и Манчестер јунајтед, кои во меч од Лига Европа треба да гостуваат кај Реал Сосиедад на 11 февруари, но невозможно е „ѓаволите“ да пристигнат во Сан Себастијан, и тука опцијата е „Алијанц стадионот“ на Јувентус во Торино.