Претставниците на англиската Премиер лига ќе бидат најбројни во европските натпреварувања и следната сезона.
И не само тоа – клубовите од Островот ќе го срушат претходниот рекорд по број на клубови во натпреварувањата на Стариот континент, во сезоната 2026/2027 ќе настапат со девет клубови.
Во најпрестижното натпреварување, Лигата на шампионите, Англија ќе има дури пет претставници, Арсенал, Манчестер Сити, Манчестер Јунајтед, Астон Вила и Ливерпул.
Во Лигата на Европа ќе играат Борнмут, Сандерленд и Кристал Палас, откако го обезбеди своето место со освојувањето на трофејот од Конференциската лига во финалето против Рајо Ваљекано.
Честа на Англија во третото најквалитетно европско натпреварување следната сезона ќе ја брани Брајтон.
England will have NINE clubs in Europe next season, a new record for a single nation…
𝐔𝐂𝐋:
Arsenal
Man City
Man Utd
Aston Villa
Liverpool𝐔𝐄𝐋:
Bournemouth
Sunderland
Palace𝐔𝐄𝐂𝐋:
BrightonEnglish football runs the beautiful game
pic.twitter.com/UoT0vPxEQ2
— The 44
(@The_Forty_Four) May 27, 2026
Фактот дека речиси половина од лигата (9 од 20 клуба) ќе ја претставуваат Англија во натпреварувањата на УЕФА повеќе од јасно го покажува моменталниот баланс на моќ во европскиот фудбал.
Поради неверојатната финансиска моќ што ја поседуваат дури и тимовите од средината на табелата, Премиер лигата одамна веќе не е само најсилната лига, туку е навистина лига сама за себе, додека исклучок се само неколку европски клубови кои сè уште можат донекаде да се споредат со англиските.
Да потсетиме дека две од трите европски финалиња оваа сезона им припаднаа на тимови од Англија, претходно споменатиот Палас (Конференциска лига) и Астон Вила од Лигата на Европа. Хет-трикот може да го комплетира Арсенал, кој игра против Пари Сен Жермен во финалето на Лигата на шампионите.
Foto/ EPA

(@The_Forty_Four) 




