Антонели пред возачите на Ферари ја освои пол позицијата во Силверстон

Антонели пред возачите на Ферари ја освои пол позицијата во Силверстон

пред 7 часа

Лидерот во генералниот пласман, возачот на Мерцедес, Андреа Кими Антонели, ја освои пол позицијата пред трката за Големата награда на Велика Британија. 19-годишниот Италијанец, претходно во текот на денот победи во спринт трката, до петатта пол позиција сезонава, дојде пред возачите на Ферари, Шарл Леклер и Луис Хамилтон.

Кими Антонели, стигна до пол-позицијата со време од 1:28.111 минути, 175 илјадити пред Шарл Леклер во Ферари. Најблиску до нив двајца беше вториот возач на Ферари, Луис Хамилтон, додека тимскиот колега на Антонели, Џорџ Расел, го освои четвртото место.

Антонели изгледаше одлично во текот на квалификациите, а кога дојде време да се бори за пол-позицијата, не го испушти првото место. Италијанскиот возач всушност се пожали на својот тим дека го пуштиле пред сите на патеката во последниот обид, но тоа воопшто не му пречеше да ја оставои конкуренцијата зад себе.

Расел долго време ја држеше втората позиција, но во последните моменти не можеше да им парира ниту со Антонели, ниту на возачите на Ферари.

Леклер се искачи на второто место, додека Хамилтон не можеше подалеку од третото, еден ден откако ја освои пол-позицијата за спринтот. Седумкратниот светски шампион беше три и пол десетинки зад Антонели, а 23 илјадити пред Расел, по кого следеше Исак Хаџар во автомобилот на Ред Бул, кој изненадувачки цело време беше пред Макс Ферстапен.

Холанѓанецот имаше седмо време, десетинка и пол побавно од Хаџар, а меѓу нив беше актуелниот шампион Ландо Норис. Вториот возач на Мекларен, Оскар Пјастри, беше осми, а возачите на Рејсинг Булс, Арвид Линдблад и Лиам Лосон, ги комплетираа првите 10.
Траката за Големата награда на Велика Британија се вози в недела од 14 часот.

Foto/ EPA

Share
Scroll to Top