Антонио Блекни во САД е обвинет за местење натпревари

Антонио Блекни во САД е обвинет за местење натпревари

пред 3 часа

Кошаркарот на Хапоел Тел Авив, Антонио Блекни, се најде во центарот на голем скандал, американското обвинителство го гони за учество во широка шема за местење натпревари во НЦАА и кинеската лига, за што наводно зарботил 200.000 долари.

Антонио Блекни е меѓу 20-те обвинети во голем скандал со местење кошаркарски натпревари кој, според обвинителите од Филаделфија, траел од септември 2022 до февруари 2025 година и вклучувал натпревари на НЦАА и Кинеската кошаркарска асоцијација (ЦБА).

Според обвинението, Блекни, додека играл за Џангсу Драгонс во Кина, се согласил намерно да потфрли на одредени натпревари за неговите соработници да можат да остварат профит од спортско обложување во САД.

Наводно, тој добил вкупно 200.000 долари за улогата.

Обвинителството тврди дека бил вклучен во шемата од Марвес Ферли и Шејн Хенен, кои потоа инвестирале големи суми пари во однапред договорени исходи.

Во еден натпревар во март 2023 година, Блекни постигна само 11 поени, што е далеку под неговиот просек во сезоната од над 32, додека неговиот тим бил поразен со дури 31 поен – сценарио што им донесе големи профити на обложувалниците.

Исто така, се тврди дека Блекни се обидел да ги вклучи своите соиграчи во местењето, и дека по „успехот“ во Кина, групата се свртела и кон натпреварите од НЦАА, со цел да ги спречи тимовите да ги покриваат хендикепите од обложувањето.

Блекни, поранешен НБА играч и еден од најдобрите стрелци во ЦБА, игра за Хапоел Тел Авив две сезони. Сезонава во Евролигата има просек од 13,8 поени и 2,4 скока по натпревар.

Истрагата е во тек, а случајот веќе е етикетиран како еден од најголемите скандали во модерната историја на кошарката.

Share
Scroll to Top