По фантастичната мината сезона, Вест хем јунајтед на Дејвид Мојс најавуваат дека повторно ќе се „тврд орев“ за сите противници, откако во Лондон со 3:1 го совладаа Лестер за две победи на стартот на новата премиерлигашка сезона.
Пабло Форналс во 26. минута од мечот го отвори резултатот со убав гол за Вест хем, а лошата понеделничка вечер за „лисиците“ започна во 40. минута, кога Ајозе Перез доби директен црвен картон за груб фаул. Саид Бенрама ја искористи теренската предност на „чеканите“ во 56. минута за 2:0, меѓутоа Лестер се закани со камбек со голот на Јан Тилеманс во 70. минута.
Сепак, печатот на нови три поени ги потврди Микаил Антонио со два гола во 80. и 84. минута, за да стигне до три гола во новата сезона. Вест хем и во првиот меч даде 4 гола, победувајќи го на гости Њукасл со 4:2. Антонио сега има 51. гол во Премиер лигата, со што е најдобар стрелец на Вест хем во историјата, поминувајќи го Италијанецот Паоло ди Канио, кој беше рекордер со 49 гола.
No se puede ser más grande. Logra un récord histórico con el West Ham en la Premier y lo celebra con un recorte de cartón de él mismo.
Michail Antonio. ‘The Boss’. #whufc (vídeo @SkySportsPL) pic.twitter.com/hmmcNSJYXG
— Fútbol Total (@FT_Total) August 23, 2021