Реал Мадрид ја совлада Севилја со 4-2 во 18. коло од Ла Лига, тренерот Карло Анчелоти истакна дека тимот конечно е на своето место.
„Го поправивме она што ни недостасуваше: малку став, колективна посветеност и малку повеќе трчање. Се вративме. Двата месеци по поразот од Милан беа многу тешки за тимот бидејќи имавме тешки натпревари”, анализира Анчелоти. .
Килијан Мбапе постигна гол и асистираше.
“Вчера реков дека периодот на адаптација на Мбапе заврши… а денес тој покажа дека понекогаш сум во право. Беше самокритичен. Излезе од тешка ситуација и го покажа сиот свој квалитет”, истакна Анчелоти.
Реал е втор на табелата со еден бод помалку од првопласираниот Атлетико Мадрид и два бода повеќе од третопласираната Барселона.