Тренерот на Реал Мадрид, Карло Анчелоти е се поблиску до заминување од „Бернабеу“, откако загуби од Арсенал во првиот четвртфинален натпревар од Лигата на шампионите.
Како што објави „Газета дело Спорт“, дури и Реал да успее да ја надополни разликата, отказт ќе виси над главата на Анчелоти.
„Газета“ и „Република“ објавија дека се очекува италијанскиот тренер да остане на клупата до крајот на сезоната, а потоа да биде заменет од Чаби Алонсо.
Шпанските медиуми деновиве го критикуваа Анчелоти, за кој сметаат дека требало да интервенира во претходните два трансфер периоди, односно да бара засилување во одбраната, по заминувањето на Начо и повредите на Дани Карвахал и Едер Милитао.
„Газета“, пишува дека Анчелоти „не плаче“ како некои негови колеги, особено за трансфер политиката.
„Газета“ и „Република“ повторно објавија дека Анчелоти се уште има опција да ја преземе репрезентацијата на Бразил доколку го напушти Реал на крајот од сезоната.