Бразилската фудбалска репрезентација конечно најде долгорочно решение за селекторската функција.
Карло Анчелоти ќе го продолжи договорот и ќе остане селектор до крајот на Светското првенство во 2030 година, со рекордна плата од 10 милиони евра по сезона.
По турбулентниот период од Светското првенство во Катар во 2022 година, кога Бразил беше елиминиран во четвртфиналето, а потоа смени дури четири селектори, челниците Федерацијата, одлучија да му ја дадат довербата на италијанскиот стручњак на долг рок.
Анчелоти седна на клупата на „Кариоките“ во мај минатата година, а според бразилските медиуми, новиот договор ќе биде потпишан до крајот на месецот.
Претседателот на Фудбалската федерација на Бразил, Самир Чауд, потврди дека сите детали се веќе договорени.
Според договорот, со годишна плата од 10 милиони евра, Анчелоти ќе стане убедливо најплатен тренер во историјата на Бразил, што јасно покажува колку континуитетот и стабилноста значат за Федерацијата пред следните големи предизвици.
Искусниот тренер го водеше Бразил во десет натпревари досега и забележа учинок од пет победи, два нерешени и три порази, но неговата работа ќе се мери исклучиво на најголемата сцена, претстојното Светско првенство.
Foto/ Depositphotos






