Аргентински суд во Буенос Аирес го поништи судењето на кое се одлучуваше за вината на тимот лекари кои се грижеа за легендарниот аргентински фудбалер Диего Марадона, кој почина во ноември 2020 година.
Судењето беше откажано бидејќи еден од тројцата судии од овој случај поднесе оставка, а причината беше притисокот што го чувствуваше поради учеството во документарен филм за смртта на еден од најдобрите фудбалери во историјата.
Судот можеше или да избере нов судија или да го откаже досегашниот тек на судењето. Тој се одлучи за втората опција.
Меѓу седумте обвинети се тогашниот неврохирург на Марадона, Леополдо Луке, психијатарот Агустина Косахов, психологот Карлос Анхел Диаз, докторката Ненси Едит Форлини, клиничкиот лекар Пабло Ди Спања и медицинските сестри кои се судат за убиство од небрежност.
Доколку бидат прогласени за виновни, тие би можеле да добијат затворска казна од осум до 25 години.
Осмиот обвинет, медицинската сестра Даијана Мадрид, треба да биде судена одделно во јули оваа година.
Марадона почина во својот дом. Тој имаше 60 години и во тоа време се опоравуваше од операција за отстранување на згрутчување на крвта, која беше извршена неколку дена претходно.