Аргентинците заминаа од Бразил, ФИФА ги чека извештаите на судијата и делегатот

Аргентинците заминаа од Бразил, ФИФА ги чека извештаите на судијата и делегатот

пред 3 години

Пет часа по драмата која се случи на стадионот во Сао Паоло, фудбалската репрезентација на Аргентина го напушти Бразил.

Здравствените власти на Бразил, не дозволија да се одигра квалификацискиот натпревар за пласман на Светското првенство помеѓу Бразил и Аргентина. Инспектори од министерството за здравство и сојузната полиција, го прекинаа натпреварот во седмата минута.

Четворица Аргентинци, од кои тројца беа во стартната постава, според Бразилците го прекршиле здравствениот протокол за влез во земјата. Голманот Мартинез, Ло Селсо, Ромеро и Буендија во Бразил влегле од Велика Британија, според здравствениот протокол тие морале да одат во 14-дневна изолација.

Случајот допрва ќе има своја разрешница. Фудбалската федерација на Јужна Америка (КОНМЕБОЛ), на јавноста и соопшти дека целиот случај е во надлежност на ФИФА.

„Квалификациите за Светскиот куп се во организација на ФИФА. Сите одлуки, кои се однесуваат на организацијата се во надлежност на оваа институција. Судиите и делегатот ќе ги проследат своите извештаи до Дисциплинскиот комитет на ФИФА. Ова тело потоа ќе реши што ќе биде преземено. Процедурите треба да ги следат постоечките правила“, стои во соопштението од КОНМЕБОЛ.

Share
Scroll to Top