Арсенал ги надигра „ѓаволите“ на „Емирати“

Арсенал ги надигра „ѓаволите“ на „Емирати“

пред 2 години

Арсенал го победи Манчестер Јунајтед со 3-1 на „Емирати“ и се зацврсти на четвртата позиција на на табелата во Премиер – лигата која води во Лигата на шампионите.

Нуно Тавареш во третата минута донесе водство за Арсенал, а Бакајо Сака во 32.минута од пенал зголеми на 2-0. Роналдо само две минути подоцна ги врати надежите на Јунајтед, но во вториот дел Бруно Фернандеш не успеа да реализира пенал за израмнување. Португалецот го погоди дирекот во 57.минута.

Гранит Џака во 70.минута ги разреши дилемите со третиот гол за „топчиите“.

Share
Scroll to Top