Арсенал го официјализира трансферот на Конса

Арсенал го официјализира трансферот на Конса

пред 4 часа

Англискиот репрезентативец Езри Конса е нов играч на Арсенал, објави денес клубот од Лондон.

Конса потпиша четиригодишен договор со Арсенал, а клубот и плати 60 милиони евра на Астон Вила за неговиот трансфер, објави „Скај Спортс“.

„Исклучително сум возбуден. Привилегија е да бидам тука и едвај чекам да почнам. Сакам да продолжам да победувам, сакам да победувам и токму затоа сум тука. Ова е горд момент за мене и моето семејство, ќе играм за еден од најдобрите тимови во светот“, рече Конса.

Англискиот фудбалер беше член на Астон Вила во претходните седум години, за кои одигра 286 натпревари.

На Светското првенство оваа година, Конса ги одигра сите осум натпревари за Англија и постигна еден гол.

Тој играше и за Чарлтон и Брентфорд во текот на својата кариера.

Foto/ Depositphotos

Share
Scroll to Top