Арсенал домаќин на ПСЖ, Милан гостува во Леверкузен

Арсенал домаќин на ПСЖ, Милан гостува во Леверкузен

пред 7 часа

Вечерва и утре ќе се одиграат натпреварите од второто коло во Лигата на шампионите. Дербито се игра во Лондон, Арсенал ќе му биде домаќин на ПСЖ.

Програмата ќе ја отвораат натпреварите Салцбург-Брест и Штутгарт-Спарта Прага од 18:45 часот, додека останатите седум натпревари ќе започнат во 21:00 часот.

„Ни гостува квалитетен тим, кој со години е доминантен во Франција и кој на почетокот на секоја сезона е еден од претендентите за освојување на титулата во Лигата на шампионите. Сепак, ние имаме наши амбиции, сакаме да ја оствариме првата победа во тековната сезона, бидејќи не сме задоволни со ремито против Аталанта во првото коло“, изјави тренерот на домашната екипа, Микел Артета.

Лига шампиони, 2. Коло

Вторник:

Салцбург – Брест 18.45
Штутгарт – Спарта 18.45
Арсенал – ПСЖ 21.00
Барселона – Јанг Бојс 21.00
Баер Леверкузен – Милан 21.00
Борусија Дортмунд – Селтик 21.00
Интер – Црвена звезда 21.00
ПСВ – Спортинг 21.00
Слован – Манчестер сити 21.00

Среда:

Џирона – Феенорд 18.45
Шахтјор – Аталанта 18.45
Астон Вила – Баерн 21.00
Бенфика – Атлетико Мадрид
Динамо Загреб – Монако 21.00
Лил – Реал Мадрид 21.00
Ливерпул – Болоња 21.00
Лајпциг – Јувентус
Штурм – Клуб Бриж 21.00

Share
Scroll to Top