Арсенал подготвен да го урне клупскиот рекорд со трансферот на Винисиус

Арсенал подготвен да го урне клупскиот рекорд со трансферот на Винисиус

пред 1 час

Арсенал внимателно ја следи ситуацијата со Винисиус Жуниор. Бразилецот и неговите менаџери, до крајот на неделата ќе се сретнат за последен пат со челниците на Реал. Доколку не се согласи на условите што му ги постави Реал, Бразилецот ќе биде ставен на трансфер листата.

Информациите од тој состанок се чекаат и во Лондон. Доколку Винисиус го одбие Реал, тогаш „тобџиите“ ќе стапат во акција.

Шпанскиот весник „АС“ пишува дека Арсенал е подготвен да плати за Винисиус до 150 милиони евра. Тоа би бил најголемиот трансфер во историјата на лондонскиот клуб. Рекордот сега го држи Деклан Рајс, кого Арсенал го донесе за 116 милиони евра.

Бразилецот е во Реал од летото 2018 година, кога пристигна од Фламенго. Оттогаш, тој одигра 375 натпревари, постигна 128 гола и забележа 100 асистенции во сите натпреварувања.

Foto/ Depositphotos

Share
Scroll to Top