Арсенал со загуба од 47.8 милиони фунти минатата сезона, отказот на Емери ги чинел 10.4 милиони фунти

Арсенал со загуба од 47.8 милиони фунти минатата сезона, отказот на Емери ги чинел 10.4 милиони фунти

пред 3 години

Арсенал потврдија дека „материјалното влијание“ на пандемијата на КОВИД-19 е виновно за загубата од 47.8 милиони фунти за сезоната 2019/20.

Лондонскиот клуб тврди дека пандемијата ги чинела 35 милиони евра како резултат на загубен приход од билети, како и од намалените приходи од ТВ преносите по тримесечната пауза во Премиер лигата. Сумата можела да биде и поголема ако фудбалерите не се согласија за намалување на платата за 12.5 отсто.

„Вонредните“ трошоци одземаат 10.4 милиони фунти – ова е цената за отпуштањето на Унаи Емери во ноември 2019 и носењето на Микел Артета како нов тренер.

Share
Scroll to Top