Фудбалерите на Арсенал го поддржале менаџерот Микел Артета и неговата одлука да го исклучи од тимот за дербито со Тотенхем, капитенот Пјер-Емерик Обамејанг поради доцнење на Габонецот.
Според „Дејли мејл“, Обамејанг бил бесен што бил исфрлен од тимот неколку часа пред стартот на мечот, но фудбалерите сметаат дека се работи за вистинска одлука, иако Обамејанг се правдал дека заглавил „во гужва“ на пат до стадионот. Фудбалерот со највисока плата во Арсенал (по заминувањето на Месут Озил) бил лут на развојот на настаните и прв си заминал од „Емирати“ по 2:1 победата.
Според „Дејли мејл“, ова не е првпат Обамејанг да има проблем со дисциплината, посебно со доцнењето, а неодамна ги прекрши и правилата за изолација поради КОВИД-19 за да добие нова тетоважа.