Артета: Сакавме да победиме, но Брентфорд е вистински кошмар

Артета: Сакавме да победиме, но Брентфорд е вистински кошмар

пред 2 часа

Менаџерот на Арсенал, Микел Артета, жали за победата, но реално гледа на исходот од гостувањето кај незгодниот Брентфорд.

Во многу тежок и напорен натпревар, лондонските „топџии“ ремизираа 1:1 (0:0), во рамките на 26-то коло во Премиер лигата.

„Започнавме без контрола и доминација што ја сакавме, но потоа го фативме ритамот и имавме ситуации за постигнување гол“, изјави Микел Артета за Би-Би-Си Спорт.

„Второто полувреме го започнавме брилијантно. Постигнавме гол, ја контролиравме играта, но потоа натпреварот стана хаотичен. Тие се еден од најдобрите тимови од прекините, можат да ја фрлаат топката од каде било на теренот. Тоа е вистинска закана и тешко е да се одбраните. Откако ќе влезете во таа игра, многу е тешко да се излезе. Станува вистинска кошмар“, нагласи Шпанецот. „Изгубивме два бода. Продолжуваме“.

„Топџиите“ се први на табелата со 57 бода, четири повеќе од Манчестер Сити. Брентфорд е на одлично седмо место со 40 бода.

Foto/ depositphotos

Share
Scroll to Top