Астон Вила му го „украде“ Мбаје на Ливерпул

Астон Вила му го „украде“ Мбаје на Ливерпул

пред 2 часа

Астон Вила во финишот на преодниот рок успеа на Ливерпул да му го украде договореното засилување. На „Вила Парк“ доаѓа 18-годишниот играч на ПСЖ, Ибрахим Мбаје.

По заминувањето на Оли Воткинс, а откако не успеаја да го донесат Рафаел Леао, клубот мораше многу брзо да реагира и донесе засилувања од Пари Сен Жермен.

Астон Вила ја заврши работата, ПСЖ прифати понуда од 55.000.000 евра за Ибрахим Мбаје, а наскоро сè треба да биде официјализиран трансферот.

Ембаје е фудбалер на Пари Сен Жермен од 2018 година кога имаше само 10 години, а сега конечно ќе добие шанса да се докаже на најсилната сцена.

Овој репрезентативец на Сенегал играше 15 пати за националниот тим иако има само 18 години.

Foto/ EPA

Share
Scroll to Top