Атлетико во лов на „новиот Суарез“ Матијас Арезо

Атлетико во лов на „новиот Суарез“ Матијас Арезо

пред 4 години

Атлетико Мадрид се пред договор со уругвајскиот клуб Ривер Плата за трансфер на 18-годишниот Матијас Арезо, тинејџер кој многумина го нарекуваат „новиот Луис Суарез“.

Тинејџерот, кој игра на позиција на напаѓач, е дел од У-23 репрезентацијата на Уругвај и се проценува дека „рохибланкос“ ќе платат околу 12 милиони евра. Доколку успее операцијата, Атлетико ќе го позајмат Арезо на ривалите на Ривер Плата, Пењарол до јули, пред тој да се пресели во Шпанија и да почне да работи со тимот на Диего Симеоне пред новата сезона.

Арезо има постигнато 4 гола во 14 меча за Ривер Плата до јануари, а интересно е што дебитирал во првиот тим на само 15 години и веќе има 62 настапи и 21 гола. Ако се оствари трансферот, тој ќе стане вториот млад фудбалер од Јужна Америка во тимот на Атлетико, кои веќе се договорија за трансфер на 20-годишниот бразилски напаѓач Маркос Пауло од Флуминензе.



Share
Scroll to Top