Атлетико го продолжи договорот со капитенот Коке

Атлетико го продолжи договорот со капитенот Коке

пред 2 часа

Шпанскиот фудбалер Коке го продолжи договорот со Атлетико до 30 јуни 2027 година, објави клубот од Мадрид.

Коке (34) е капитен на Атлетико, за кого дебитираше на 19 септември 2009 година.

Шпанскиот фудбалер е рекордер по бројот на одиграни натпревари за клубот, 740, а постигна 50 гола и забележа 122 асистенции.

Со Атлетико освои две титули во шпанското првенство, еден Куп на Кралот, два трофеи во Лигата на Европа, два европски Суперкупа и еден шпански Суперкуп.

На 16 август, Атлетико ќе ја пречека Малага во првото коло од шпанското првенство.

Foto/ Depositphotos

Share
Scroll to Top