Баерн Минхен денеска го „торпедираше“ Бохум со 7:0 за да покаже кој е „газда“ во германскиот фудбал, а уште поголем меч за докажување на статусот направи и Ајакс, кој со 9:0 го „здроби“ Камбур.
Гол-шоуто почна во 16. минута (Тимбер), па следуваа голови во 19. минута (Бергхујс), 29. минута и 38. минута (Нерес) во првото полувреме, за во второто полувреме да паднат дури 5 гола – во 60. минута (Тадиќ), 64. минута (Дарами), 67. минута (Але), 76. минута (Данило) и 84. минута (Нерес).