Ајакс со гостински 13-0 го згази Венло, Траоре стрелаше петпати

Ајакс со гостински 13-0 го згази Венло, Траоре стрелаше петпати

пред 3 години

Нов историски рекорд постигна екипата на Ајакс попладнево во рамки на холандското првенство. Далечната 1972 година Ајакс победил со 12-1 против Витезе, а денеска нагости го совлада Венло со 13-0.

По првите 45 минути клубот од Амстердам веќе имаше високи 4-0, а кога во 52-та минута домаќините останаа со играч помалку, голеадата продолжи.

19-годишниот Траоре постигна дури 5 гола.

Share
Scroll to Top