Баерн во Менхенгладбах ја стартува трката за 10. бундес-титула во низа

Баерн во Менхенгладбах ја стартува трката за 10. бундес-титула во низа

пред 3 години

На стадионот „Борусија парк“ во Менхенгладбах, Баерн Минхен кој 9 сезони во низа е фудбалски шампион на Германија ќе ја започне трката по јубилејната 10-та титула по ред. Мечот започнува вечерва, во 20,30 часот.

Баерн досега е изедначен со Јувентус, со по 9 титули во низа во петте најсилни европски фудбалски лиги.
Немаше бурен преоден рок на „Алијанц арената“ освен ако не станува збор за тренерите. Си замина Ханси Флик, на негово место дојде Јулијан Нагелсман.

Во клубот од Баварија дојде Дајот Упамекано, а Минхен го напуштија Давид Алаба, Чави Мартинез и Џером Боатенг.
Најголеми конкуренти за титулата стандардно би требало да се Борусија Дортмунд и Лајпциг.

„Милионерите“ останаа без услугите на Џејдон Санчо, а „жолто-црниот“дрес во новата сезона ќе го носи Холанѓанецот Донијел Мелен. Од Дортмунд во Ливерпул се пресели и Ибрахим Конате.

За место кое води во ЛШ според прогнозите ќе се борат Баер Леверкузен, Борусија Менхенгладбах и Волфсбург.

Share
Scroll to Top