Баерн остана без голмани, тинејџер ќе брани во Лигата на шампионите

Баерн остана без голмани, тинејџер ќе брани во Лигата на шампионите

пред 3 часа

Баерн веќе избори пласман во четвртфиналето во Лигата на шампионите, откако во првиот меч во Бергамо, ја прегази Аталанта со 6:1, но на неодреден период се соочува со сериозен проблем. Тројцата голмани се повредени, никој од нив нема да биде во тимот против Аталанта.

Свен Улрих се повреди на натпреварот од 26-то коло од Бундеслигата против Баер Леверкузен (1:1), одигран во саботата.

Во соопштението за медиумите, клубот од Минхен објави дека по деталниот медицински преглед е утврдено дека се уште не е познато колкава пауза му претстои.

Германските медиуми потсетуваат дека Баерн има проблеми со повредите на голманите, бидејќи Мануел Нојер и Јонас Урбиг од претходно се повредени.

Нојер се повреди на 6 март на натпреварот од Бундеслигата против Борусија Менхенгладбах (4:1), додека Урбиг заработи потрес на мозокот пред пет дена во првиот натпревар од осминафиналето на ЛШ против Аталанта (6:1).

На 18 март, играчите на Баерн ќе ја пречекаат Аталанта во реваншот од осминафиналето на Лигата на шампионите, а Леонард Прескот, кој има само 16 години, би можел да дебитира на голот на германскиот великан.

Foto/ depositphotos

Share
Scroll to Top