Баерн цели кон мега засилување, го сака капитенот на Манчестер

Баерн цели кон мега засилување, го сака капитенот на Манчестер

пред 4 месеци

Челниците на Баерн се заинтересирани за капитенот на Манчестер јунајтед Бруно Фернандеш, пренесува британски „Сан“.

Британските медиуми пренесуваат дека Баварците стапиле во контакт со менаџерите на португалскиот фудбалер кој има договор со Манчестер јунајтед до 30 јуни 2026 година.

Фернандеш минатата недела изјави дека сака да остане во клубот од „Олд Трафорд“.

Сепак, британските медиуми пренесуваат дека челниците на Манчестер јунајтед се уште не одлучиле дали Ерик Тен Хаг ќе биде во клубот и следната сезона. Исто така, се уште не се знае какви ќе бидат амбициите на Манчестер јунајтед во новата сезона.

„Сан“, тврди дека раководството на Баерн е решено да го ангажира Фернандеш, за кого сметаат дека може да биде еден лидерите во германскиот клуб.

Фернандеш (29) е член на Манчестер јунајтед од 2020 година, а оваа сезона за одигра 48 натпревари во сите натпреварувања и постигна 15 голови.

Share
Scroll to Top