Марио Балотели (34), поранешен италијански репрезентативец, ја напушти Џенова откако му истече едногодишниот договор. Контроверзниот напаѓач одигра само шест натпревари во текот на минатата сезона. Денес е слободен играч кој бара нов клуб.
„Мојот сон беше да играм за Реал Мадрид. Денес само барам клуб кој ќе верува во мене. Сакам да играм уште две или три години. Потоа ќе одам кај мојот брат Енок. Тој сега игра за Вадо. Тоа е аматерски тим. Му ветив дека ќе ја завршам кариерата играјќи со него“, рече тој во интервју за „Газета дело Спорт“.
Тој зборуваше и за италијанската репрезентација, вели дека му е жал што не играл повеќе за Италија.
„По сè низ што поминав, мислам дека можев да се потрудам повеќе. Жал ми е што повеќе не играв во репрезентацијата. Некои луѓе дури и не ме сакаа во репрезентацијата, но тоа е минато. Сега селектор е Џенаро Гатузо. Му посакувам се најдобро. Тој е личност која дефинитивно ќе го даде својот максимум“, рече Балотели ден пред неговиот 35-ти роденден.
Балотели сега ќе го бара 12-от клуб во својата професионална кариера. Досега играл за Интер, Манчестер сити, Милан, Ливерпул, Ница, Марсеј, Бреша, Монца, Адана Демирспор, Сион и Џенова.
Foto/ EPA/JEAN-CHRISTOPHE BOTT