Барела: Лукаку е како Шекил, тројца не можат да го држат

Барела: Лукаку е како Шекил, тројца не можат да го држат

пред 4 години

Фудбалерот од средниот ред на Интер, Николо Барела е импресиониран од својот соиграч, Ромелу Лукаку, нарекувајќи го „природна сила“ и посочувајќи дека мора да го чуваат двајца-тројца дефанзивци на секој натпревар.

Белгиецот има постигнато 12 гола во 16 меча во Серија А оваа сезона, за да ги заддржи Интер на второто место во Серија А и италијанскиот репрезентативец вели дека самиот факт што тој постигнал 50 гола во 72 меча по преселбата од Манчестер јунајтед кажува доволно.

„Лукаку и Шекил О’Нил се спортисти кои својата физичка сила ја прават во спортска сила на теренот. Но, Ромелу е многу повеќе од обична сила. И на тренинг, ни требаат двајца-тројца да го чуваме. Вистинска сила на природата“, вели Барела.

Share
Scroll to Top