Барселона првпат во својата историја отвори официјална продавница во шпанската престолнина, Мадрид, каде што (ретките) навивачи на каталонскиот гигант ќе можат да купат дресови од своите миленици.
Сепак, како и секогаш во шпанскиот фудбал, ова не можеше да помине без контроверзи и „боцкања“. Покрај тоа што продавницата на Барса е на само 50-тина метри од „фан-шопот“ на Реал Мадрид, клубот реши да направи промоција со огромен банер на кој пишуваше „Raúl es culer“, или Раул е „куле“, буквално тој што го покажува задникот, но во преносна смисла, навивач на Барселона.
Ова секако е инсинуација на никогаш потврдените шпекулации дека легендарниот поранешен напаѓач на Реал Мадрид, Раул Гонзалес во своето детство бил огромен навивач на ривалите од Каталонија.
“Raul is a culer.”
Barcelona have opened their first shop in Madrid and couldn’t resist. It’s located less than 50 meters from Real Madrid’s club store 😅 pic.twitter.com/8EH5ocLi4v
— ESPN FC (@ESPNFC) December 1, 2022