Марк-Андре тер Штеген и фудбалскиот клуб Барселона се во „војна“. Медиумите во Каталинија го поддржаа клубот, голем дел од нив го нарекоа Германецот „најлошиот капитен во историјата на клубот“.
Марк-Андре тер Штеген од легенда стана персона нон грата во Каталонија.
Како што е познато, Тер Штеген мораше повторно да се оперира, овој пат поради повреда на грбот, за што повторно ќе мора да паузира неколку месеци. Барселона планираше да го искористи медицинскиот извештај како доказ дека Германецот нема да игра најмалку четири месеци, што би им овозможило да не го регистрираат за првиот дел од сезоната, туку да го искористат за да ги регистрираат Маркус Рашфорд и Џоан Гарсија.
Но, голманот го шокира клубот. Најпрвин одби трансфер во друг клуб, а потоа свесно и намерно во објава на мрежите прецизираше дека ќе паузира три месеци (што е токму на штета на Барселона), Германецот одби и да ги испрати медицинските извештаи до комисијата на Ла Лига.
Правилата велат дека Ла Лига има право да не регистрира играч поради пауза од најмалку четири месеци, но со целата потребна документација, која Тер Штеген одбива да ја испрати.
Барселона се надева дека Германецот ќе размисли повторно, бидејќи на овој начин дополнително го навлекува гневот на навивачите, намерно блокирајќи го тимот, бидејќи новиот прв голман Џоан Гарсија сè уште не може да биде регистриран, но не може да биде регистриран и вториот голман Војчех Шчесни.
Барселона покрена дисциплинската постапка против голманот. Исто така, клубот реши да му ја одземе капитенската лента.
Во новата сезона капитен ќе биде Френки Де Јонг, а негови заменици Рафиња, Педри и Роналд Араухо.