Барселона негира дека УЕФА отворила нова постапка во „случајот Нергеира“

Барселона негира дека УЕФА отворила нова постапка во „случајот Нергеира“

пред 10 часа

Фудбалскиот клуб Барселона објави дека Европската фудбалска унија (УЕФА) не покренала нова постапка против каталонскиот тим поради „случајот Негреира“.

Шпанските медиуми потсетуваат дека Барселона е обвинета за повеќегодишни исплати од милиони евра на поранешниот потпретседател на Судискиот комитет на Фудбалскиот сојуз на Шпанија, Хозе Марија Енрикез Негреира.

Барселона објави официјално соопштение во врска со информациите дека УЕФА добила документација од Реал во врска со „случајот Негреира“.

„УЕФА не покренала никаква нова постапка против Барселона. Постапката е покрената во 2023 година со назначување на двајца истражители, кои оттогаш ги извршиле дејствијата што ги сметале за соодветни. Клубот секогаш постапувал во согласност со сите нивни барања. Оваа постапка не е повторно отворена бидејќи никогаш не е затворена“, соопшти Барселона.

„Самиот текст јасно двапати наведува дека станува збор за тековна истрага и ревизија. Овој текст не најавува покренување, рестартирање или повторно активирање на која било постапка, ниту пак претставува проценка на содржината или вредноста на доставената документација. Истражителите треба да одлучат какви чекори – ако воопшто – ќе преземат во врска со оваа документација. До денес, тие не испратиле никакви нови барања до Барселона, ниту ја препратиле жалбата на Реал. Доколку го сторат тоа, клубот ќе реагира соодветно, како што правеше и досега“, се нагласува во соопштението за медиумите на Барселона.

Foto/ depositphotos

УЕФА покрена постапка против Барселона за „случајот Нергеира“

Share
Scroll to Top