Барселона од Ел Класико заработи речиси 20.000.000 евра

Барселона од Ел Класико заработи речиси 20.000.000 евра

пред 46 минути

Иако претрпе пораз (1:2) од својот најголем ривал Реал Мадрид, Барселона може да биде задоволна од заработката во Ел Класико.

Барселона приходуваше 19.105.768 евра од продажба на билети во Ел Класико. Ова е рекордна заработка од продажба на билети.

Досега, највисоката заработена сума беше 16.465.731 евра, што значи дека е срушен рекордот што беше поставен на 10 мај, бидејќи заработката скокна за 16 проценти.

Повисоките цени на билетите, заедно со проширувањето на капацитетот на ВИП седиштата на второто ниво на стадионот, значително ја зголемија заработката за најголемиот фудбалски натпревар.

Особено е интересен фактот дека профитот на продавницата на стадионот изнесуваше 800.000 евра на денот на натпреварот, што е профитот од продажбата на дресови и клупски сувенири.

Foto/ Depositphotos

Share
Scroll to Top