Барселона од „Најки“ го добива најголемиот договор во историјата

Барселона од „Најки“ го добива најголемиот договор во историјата

пред 5 дена

Фудбалскиот клуб Барселона наскоро ќе ратификува договор со производител на спортска опрема врз основа на кој ќе заработи огромна сума, потврдија Каталонците.

Претседателот на клубот Џоан Лапорта, во петокот, одржа состанок со членовите на Управниот одбор на кој беше одобрена нова долгорочна соработка со американскиот производител на спортска опрема „Најки“.

Барселона и споменатата компанија веќе имаат долгорочна соработка, според претходниот договор кој важи до 2028 година, а врз основа на новиот договор меѓу двете страни соработката е продолжена до 2038 година.

Според формулацијата на актуелниот договор (до 2028 година), Барсеона добива 48 милиони евра, а кога ќе се официјализира соработката до 2038 година, тоа ќе значи дека каталонскиот гигант ќе добие загарантирани 100 милиони евра за тој период.

И тоа не е се, Барселона треба да смета и на дополнителните 100 милиони кои следуваат како бонус поради продолжување на соработката.

Директорите на Барселона се задоволни од постигнатиот договор со американската компанија, кој, се уште не е потпишан, туку е постигнат само вербално, но, како што наведува порталот „RAC1“, се работи само за формалност.

„Тоа ќе биде најголемиот договор во историјата на фудбалот. Можеше да биде потпишан во август, но не беше бидејќи сакавме да постигнеме уште подобри услови. Излеговме на пазарот во потрага по најдобри услови и успеавме да ги добиема. Преговараме, го финализираме и ќе биде објавено наскоро, за десетина дена“, изјави Лапорта пред еден месец.

Инаку, компанија „Најки“ е спонзор на Барселона од 1998 година.

Share
Scroll to Top