Барселона планира да ги откупи Португалците

Барселона планира да ги откупи Португалците

пред 10 месеци

Претседателот на Барселона, Џоан Лапорта потврди дека клубот ќе се обиде да ги откупи Жоао Кансело и Жоао Феликс.

Португалеците во каталонскиот тим пристигна од Манчестер Сити, односно Атлетико Мадрид, а Лапорта тврди дека наскоро треба да почнат преговори со нивните клубови.

„И Кансело и Феликс покажаа дека имаат иднина во клубот и дека сакаат да останат дел од Барселона, а исто така и ние. Имаме одлични односи со Атлетико и Манчестер Сити и наскоро ќе започнеме преговори за нивно откупување “, изјави Лапорта.

Барселона е подготвена да понуди околу 25 милиони евра за Кансело, а тоа ќе биде лесно со оглед на тоа што Пеп Гвардиола не смета на него.

Кога е Феликс во прашање, тука работата е посложена. Барселона за тој трансфер нема да има повеќе од 40 милиони, што Атлетико сигурно ќе го одбие. „Јорганџиите“ уште пред неколку месеци објавија дека центаа на Феликс е 80 милиони евра.

Сепак, постои опција Португалецот да остане на позајмица во Барса уште една сезона.

Share
Scroll to Top