Тренерот на Барселона, Ханси Флик веќе подолго време бара излез од кризата во која западна тимот и се надеваше дека ќе успее да го реши со помош на играчите кои се вратија од повредите.
Шпанските медиуми пишуваат дека тој од почетокот на сезоната внимателно ја следел ситуацијата со Френки де Јонг.
Холандскиот играч за врска ги пропушти првите осум кола од Ла Лига, а потоа почна да добива минутажа. Тој оваа сезона нема одиграно повеќе од 45 минути на ниту еден натпревар од шпанската лига.
Флик беше првиот и најгласниот кога требаше да застане во одбрана Де Јонг, но како што пишува каталонски „Спорт“, тренерот се премислил.
Флик веќе не смета на фудбалерот кој беше доведен за 86 милиони евра од Ајакс во 2019 година. Тренерот е подготвен да го замени за ново лице во соблекувалната.
Де Јонг е под договор до 2026, а клубот е подготвен да го продаде за 20 милиони евра. На 226 натпревари за Барса, тој постигна 18 и забележа 22 асистенции. Со клубот освои три титули, од кои една во лигата.