Италијанската фудбалска легенда, Роберто Баџо смета дека на фудбалот му е неопходна промена по колапсот на проектот за Европската Суперлига, посочувајќи дека никогаш не смее да се заборави дека „фудбалот припаѓа на луѓето“.
Во април, одлуката на 12 клуба да ја формираат Суперлигата предизвика бура од реакции, посебно од англиските фанови, по што 9 од клубовите се повлекоа, оставајќи ги Барселона, Јувентус и Реал Мадрид кои тврдат дека се заканува „колапс“ доколку не се направат промени.
„Мислам дека на фудбалот дефинитивно му е потребна голема промена. Но, брзината со која проектот колабираше треба да не замисли. Да се оди со нови проекти се потребни способни луѓе со искуство. Ќе биде навистина разочарувачки ако загубиме шанса да направиме нешто неопходно, бидејќи светот е сменет, луѓето се сменети и ТВ преносите се сменети. Сепак, во секој процес, важно е сите да учествуваат, и никогаш да не заборавиме дека фудбалот припаѓа на обичните луѓе“, вели Баџо.