Еден од најдобрите играчи на Реал Мадрид, Џуд Белингем, се повреди и ќе отсуствува извесно време.
„Се повреди. Во моментов се проценува сериозноста на повредата“, кратко изјави тренерот на Реал, Карло Анчелоти.
Наводно се работи за повреда на стапалото. Се очекува англискиот репрезентативец да се врати на теренот по репрезентативната пауза.
Тоа значи дека најдобриот играч на Ла Лига за минатата сезона ќе ги пропушти натпреварите против Ваљадолид, Лас Палмас и Бетис.